Search

(Фото) Римјани во редици чекаат да се збогуваат со Михајловиќ, семејството околу ковчегот на Синиша

Колони граѓани на Рим од утрото чекаат пред римската општина Кампидољо да му оддадат почит на Синиша Михајловиќ.

Легендарниот српски фудбалер Михајловиќ почина во петокот во главниот град на Италија, по долга борба со леукемија.

Додека во Белград се одржува комеморација во чест на Синиша, оваа недела наутро граѓаните на Рим чекаат во редици за последно збогување со Миха.

Граѓаните во римскиот кварт Кампидољо немо минуваат покрај ковчегот на Миха, до кој стои ужаленото семејство.

На овој начин Римјаните ја покажуваат својата почит кон Синиша, кој најголемиот дел од животот и кариерата ги помина на Апенините, настапувајќи и водејќи бројни клубови.

На ковчегот може да се видат и ознаките на фудбалските клубови Лацио и Рома, двата римски клуба за кои настапуваше Синиша.

Синиша Михајловиќ ќе биде погребан во понеделник во Рим.

Треба да знаете
Последни објави