Трет триумф сезонава за Шифрин

Американската скијачка Микела Шифрин победи во супервелеслаломот што скијачките го возеа во Сент Мориц за Светскиот куп, додека Италијанката Елена Куртони го освои второто место.

Шифрин до 77. победа на Светскиот куп стигна со време 1:13.62, а Куртони беше 12 стотинки побавна (1:13.74). Французинката Романе Мирадоли го освои третото место со 40 стотинки зад победникот (1:14.02).

Куртони е лидерка  во супервелеслалом со 120 бодови, Швајцарката Корин Сутер е втора со 116 бодови, а третото место го делат Норвежанката Рагнхилд Мовинкел и Шифрин со 100 бодови.

Во вкупниот пласман прва е Шифрин со 575 поени, втора е Гоџа со 470, а трета Швајцарката Венди Холденер со 376 поени.

Со оваа нова победа, трета сезонава по двата слалома во Леви, 27-годишната скијачка од Колорадо се приближи до рекордот од 82 победи во Светскиот куп кој го држеше нејзината сонародничка Линдзи Вон, која се пензионираше во 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави