Search

Модриќ: Останувам во репрезентацијата

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ ги демантираше наводите дека става крај на репрезентативната кариера.

Модриќ во изјава за Хрватската телевизија најави дека ќе настапи на финалето во Лигата на нации, а ја остави отворена можноста да биде во тимот и во квалификациите за ЕУРО2024.

„Мојот план е да останам за завршницата на Лигата на нации која е на програмата идната година. Можеби и за некои натпревари во квалификациите за ЕУРО”, потврди 37-годишниот Модриќ.

Квалификациите за ЕУРО2024 година стартуваат во март додека финалниот турнир во Лигата на нации, на кој ќе настапат Хрватска, Италија, Шпанија и домаќинот Холандија, ќе се игра од 15 до 18 јуни.

Треба да знаете
Последни објави