Мбапе со хет-трик во финалето стана „Златната копачка“ на СП 2022!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе одигра одлично финале против Аргентина постигнувајќи хет-трик прв на завршницата од 22. Светско фудбалско првенство кое вечерва заврши во Катар

Напаѓачот на ПСЖ прво даде два гола во две минути во 80. и 82. минута и го одведе дуелот во продолженија, а потоа даде трет гол, пак од пенал во продолжението во 118. минута и и овозможи на Франција  да се надева на одбрана на титулата во пенал серијата.

Мбапе го постигна вториот хет-трик во финалињата на Светските првенства, по Џеф Херст во дресот на Англија против Западна Германија на СП 1966.

Мбапе гои заврши СП со осум постигнати гола и е прв стрелец на кого ќе му припадне  „Златната копачка“ на СП 2022 во Катар, пред меси кој заврши со седум гола.

Треба да знаете
Последни објави