Search

Манчестер јунајтед во трка за Влаховиќ

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед се уште е во потрага по адекватна замена за Кристијано Роналдо, кој доби отказ од „Олд Трафорд“ непосредно пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Како што пишува „Коријере дело Спорт“, Англичаните го сакаат српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ и сакаат тој да го замени славниот Португалец во дресот на славниот клуб.

Истиот весник пишува и дека Челзи, Ливерпул, Арсенал и Пари Сен Жермен го посакуваат Влаховиќ, но дека се уште ништо конкретно не е направено.

Влаховиќ има договор со Јувентус до 2026 година, а оваа сезона на 15 натпревари постигна седум гола со две асистенции. Поради големите проблеми на Јувентус и оставата на комплетното раководство поради финансиски малверзации при трансферот на Роналдо голема веројатност е клубот да ги продаде најголемите ѕвезди.

Треба да знаете
Последни објави