Search

Аргентинците ги собраа и поединечните признанија

Аргентина за првпат по 1986 година ја освои светската круна, која е прва во кариерата на Лионел Меси, а по мечот беа доделени наградите при што легендата на „гаучосите“ по вторпат беше прогласен за најдобар фудбалер на Мундијалите, додека неговите сонародници ги собраа останатите награди.

Најдобар фудбалер на првенството беше Меси, кој по вторпат го добива признанието, додека наградата за најдобар млад играч ја доби Енцо Фернандез.

Меѓу голманите најдобар беше Емилиано Мартинез кој со неколку одлични одбрани им помогна на „гаучосите“ конечно да стигнат до пехарот.

„Златната копачка“ за најдобар стрелец му припадна на францускиот напаѓач Килијан Мбапе кој постигна хет-трик во финалето, но тоа не им беше доволно на „триколорите“ да ја одбранат титулата.

Треба да знаете
Последни објави