Search

Аргентина е нов светски првак !

Аргентина е новиот светски фудбалски првак ! Четата предводена од Лионел Меси го симна актуелниот шампион Франција од тронот со подобро изведување на пенали (4:2) откако по 120 минути драма на теренот пред полниот стадион „Лусаил“ во Катар, средбата заврши без победник 3:3.

Натпревар каков не е виден на терените кој предизвика многу возбуда, солзи радосници, но и од тага, заврши со пенал-рулет. Аргентина имаше 80 минути доминација и предност од два гола со погодоците на Лионел меси и Анхел ди Марија, но за нецели две минути Килијан Мбапе со погодок од пенал и од игра ја анулира предноста на „гаучосите“ и обезбеди продолжение. Во дополнителните 30 минути Меси поторно  во 109 меинута обезбеди предност за Аргентина  (3:2), но и тоа не беше доволно да се симне Франција од пиедесталот.

Мбапе со нов удар од белата точка во 118 минута повторно израмни и донесе нова неизвеснот. Французите пропуштија да направат и целосен пресврт, па во пенал рулетот Аргентина не ја пропушти третата среќа да стане по третпат во својата историја светски првак.

Во пенал серијата за Аргентина беа прецизни Меси, Дибала, Паредес и Монтиал, додека во францускиот состав реализираа Мбапе и Коло Муани, но аргентинскиот голман го одбрани ударот на Коман, а Чуамени биеше непрецизно од белата точка

Треба да знаете
Последни објави