Search

Удар за Франција: Жиру го пропушта големото финале?!

Фудбалерите на Франција утре ќе имаат можност да ја одбранат титулата светски првак од Русија во 2018 година. Во дуелот за трофејот се среќаваат со Аргентина.

Сепак, како што откриваат медиумите, Оливие Жиру, кој играше одлично во досегашниот тек од Мундијалот, нема да го започне финалниот натпревар. Наводно, тој добил силен удар во коленото на последниот тренинг.

Намерата на Дидие Дешамп е Килијам Мбапе да игра како „лажна деветка“ од стартот и Маркус Турам на левото крило.

Пред овој натпревар, тројца фудбалери на Франција се неизвесни за утрешниот натпревар. Тоа се Конате, Варан и Коман.

Финалниот натпревар се игра утре со почеток од 16 часот, со што ќе биде комплетирано Светското првенство во Катар.

Хрватска со денешната победа над Мароко (2-1) го освои третото место.

Треба да знаете
Последни објави