Search

Сопругот на Бритни Спирс за нејзините изданија со голотија: Не сум некој што сака да ја контролира

Сем Асгари сопругот на пејачката Бритни Спирс, за прв пат ги коментираше нејзините разголени објави на социјалните мрежи кои станаа секојдневни и предизвикаа загриженост кај нејзините обожаватели кои ја доведуваат во прашање здравствената состојба на пејачката.

Откако заврши долгогодишното старателство на нејзиниот татко врз неа и нејзиниот имот, Бритни ужива во секој момент на слобода што, според мислењето на многумина, е премногу.

Едно од најголемите потсетувања за новата ера во животот на пејачката се нејзините разголени фотографии кои секојдневно ги споделува со своите следбеници на Инстаграм.

Сега и нејзиниот сопруг откри што мисли за се, споделувајќи кратка рецензија на својот профил.

„Таа е единствениот човек на светот кој е малтретиран поради објавување на вакви работи“, коментира 28-годишниот актер.

Лично, би сакал таа никогаш да не го објави тоа, но кој сум јас да контролирам некој што го поминал поголемиот дел од животот контролирано и под микроскоп, вели Сем.

Инаку, неговиот искрен коментар е првиот што навестува какво било незадоволство со ваквите фотографии на Спирс, а тој следеше по најновата објава на пејачката, уште една во која таа позира целосно гола додека става налепници во облик на цвет на градите.

Треба да знаете
Последни објави