Search

Скалони: Финалето се игра за да се победи, а за тоа мора да бидете исклучително добри

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека веќе го знае составот и тактиката со која ќе се обиде да ја запре Франција во финалето на Светското првенство во Катар. Аргентинците утре ќе се сретнат со актуелниот светски првак, а двете селекции ќе се обидат да ја зграпчат третата светска титула.

„Донесов одлуки за составот уште пред нашиот последен тренинг, дури и ќе знаете се пред играчите. Шегата на страна, можни се две опции. Нашиот стил на игра нема да се промени, ќе играме на начин на кој можеме да му направиме најмногу проблеми на противникот. Луѓето велат дека финалињата не се играат, тие се добиваат и делумно се во право. Но, сепак треба да одиграте добро за да победите. Свесни сме како можеме да го повредиме противникот, ги анализиравме. Јас сум на местото каде што секој Аргентинец сака да биде во моментов, го живеам сонот и горд сум на тоа“, изјави Скалони.

Пресметката меѓу Аргентина и Франција во финалето на Светското првенство во Катар е закажана за утре од 16 часот.

Треба да знаете
Последни објави