Целото семејство се грижи за тешко болниот Брус Вилис

Актерот Брус Вилис се пензионираше на почетокот на оваа година откако дозна дека боледува од сериозна и неизлечива болест, афазија, и оттогаш е дома и ги поминува деновите со своето семејство.

За Вилис, чија состојба, наводно, се влошува, се грижи целото негово семејство, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур и нивните три ќерки Рамер, Скаут и Талула. Со нив е неговата сегашна сопруга Ема, како и нивните ќерки Мејбел и Евелин и сите одлично се сложуваат, што може да се види од најновата објава на Деми Мур на Инстаграм.

Сите се собраа на заедничка вечера, а Деми под фотографијата напиша и порака.

„Ние сме семејство. Влегуваме во празничниот дух“, напиша таа во објавата, а Ема ѝ коментара: „Каква забавна вечер“.

Семејството на Вилис на крајот на март потврди дека му била дијагностицирана афазија, разорна состојба на мозокот што може да доведе до губење на способноста за разбирање или изразување со говор. Вилис целосно се повлече од јавниот живот и од неговото пензионирање, нема информации за неговото здравје.

Треба да знаете
Последни објави