Search

Несудената европска Суперлига доби „шлаканица“ од Европскиот суд на правдата

Европска фудбалска Суперлига каква заговараа големите клубови на Стариот континет тешко дека ќе може да заживее. Денеска натпреварување во кое би учествувале само најголемите и најбогатите клубови во Европа кои поднесоа жалба до Европскиот суд на правдата, тврдејќи дека ФИФА иУЕФА имаат монополска позиција, со која ги нарушуваат правата на конкуренција и забрануваат учество во алтернативни натпреварувања, денеска добија негативен одговор. Судот им возвратил дека наводите кои клубовите им ги препишуваат на УЕФА и ФИФА не се точни, пренесе „Атлетик“.

Правилата на ФИФА и УЕФА, според кои се играат сите натпреварувања, се во границите на законите на Европската унија за натпреварувања – изјави главниот адвокат на Европскиот суд на правдата, Атанасиос Рантос.

Случајот се однесува на минатогодишниот спор меѓу УЕФА и ФИФА од една страна и Европската Суперлига од друга, кој пропадна за помалку од 48 часа по негодувањето од навивачите, владите и играчите кои ги принудија Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Челси, Тотенхем, Арсенал, Милан, Интер и Атлетико Мадрид да се повлечат од проектот.

И УЕФА излезе со соопштение во коие се вели:

-УЕФА го поздравува недвосмисленото мислење на главниот адвокат Рантос, што е чекор напред кон зачувување на постоечката динамична и демократска структура на европската фудбалска пирамида. Таквото мислење ја зајакнува централната улога на федерациите во заштитата на спортот, претставувајќи ги основните принципи на спортски заслуги и отворен пристап за сите наши членови – се вели во соопштението на УЕФА.

Иако мислењето на Европскиот суд на правдата не е обврзувачко, се смета дека е доволно силно за да се стави крај на идејата за формирање на Суперлига, која не би била под покровителство на УЕФА и ФИФА.

Треба да знаете
Последни објави