Search

Меси прв фаворит за наградата најдобар играч на Светското првенство 2022 во изборот на „Goal.com”

Престижниот портал специјализиран за фудбал „Goal.com” по полуфиналната фаза ја ажурираше листата на претенденти за наградата играч на Светското првенство во 2022 година.

На листата, како и во претходната верзија на рејтингот, во водство е напаѓачот на репрезентацијата на Аргентина и ПСЖ, Лионел Меси. На второто место остана напаѓачот на француската репрезентација и ПСЖ, Килијан Мбапе. Напаѓачот на Франција и Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е трет.

Топ 10 претенденти за наградата најдобар играч на Светското првенство во 2022 година од Goal.com:

1. Лионел Меси (Аргентина / ПСЖ);

2. Килијан Мбапе (Франција / ПСЖ);

3. Антоан Гризман (Франција / Атлетико Мадрид);

4. Софјан Амрабат (Мароко / Фиорентина);

5. Ашраф Хакими (Мароко / ПСЖ);

6. Николас Отаменди (Аргентина / Бенфика);

7. Џулијан Алварез (Аргентина / Манчестер сити);

8. Оливие Жиру (Франција / Милан)

9. Бруно Фернандеш (Португалија / Манчестер јунајтед);

10. Ричарлисон (Бразил / Тотенхем).

Треба да знаете
Последни објави