Search

(Видео) Јокиќ го наполни кошот на Вашингтон и го доби трофејот „Мајкл Џордан“

Двократниот носител на признанието МВП во најсилната кошаркарска лига на светото НБА, српскиот интеранционалец Никола Јокиќ од редовите на Деневер одигра мече за паметење против Вашингтон, кој неговиот тим го доби со 141:128. Јокиќ одигра 33 минути против Вашингтон и притоа реализираше 17 од 20 удари од игра, но и девет од 10 удари од линијата за слободни фрлања за на крајот да го заврши натпреаврот со 43 поени, 14 скокови, осум асистенции и пет украдени топки.

Статистичарите на НБА-лигата објавија дека Јокиќ е првиот кошаркар по Лери Бирд кој стигнал до ваков рекорд, а притоа да имал над 50 отсто успешни удари од игра.

По белескавото издание Јокиќ во соблекувалната ја доби наградата „Мајкл Џордан“. Историскиот момент се случи во соблекувалната кога тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун му го предаде трофејот на српскиот кошаркар.

Трофејот „Мајкл Џордан“ во иднина ќе се доделува на актуелниот МВП во НБА-лигата.

Треба да знаете
Последни објави