Search

Селекторот на Хрватска е прав господин: Далиќ ги повика хрватските новинари на вечера

На денешната прес-конференција селекторот на Хрватска Златко Далиќ ги изененади новинарите. Имено, откако Далиќ ја заврши конференцијата за новинарите во придружба на портпаролот Томислав Пацко се врати во просторијата со новинари.

Новинарите беа изненадени и очекуваа некаква вонредна вест, па дури и оставка на хрватскиот селектор. Сепак, Далиќ се вратил за да се заблагодари на новинарите, но и да ги покани на вечера.

„Би сакал да ви се заблагодарам за вашата коректност и на поддршката, на се што работевте во изминатиот месец во Доха. Некогаш бев лут и разочаран по вашите настапи, но немојте да ми се лутите. Не сакам да ми замерите нешто ако сум погрешил или сум ве навредил, во никој случај не ми била целта тоа“.

„Мислам дека хрватската репрезентација направи одлична работа. Се трудевме, се боревме и вие го дадовте вашиот максимум, сакам да ви се заблагодарам. Знам колку ви значеше резултатот на Хрватска. Кога ќе се вратиме во Хрватска и сето ова малку ќе се смири, ве повикувам на вечера. Ви посакувам среќно враќање дома и во сабота да одиме да уживаме“, изјави Далиќ кој доби аплауз од присутните.

Треба да знаете
Последни објави