Митревски и Порто не издржаа и загубија од ГОГ Гудме

Никола Митревски и Порто го запишаа деветтиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативен голман совладан кај ГОГ во рамките на 10. коло во Лигата на шампиони. Овој дел го завршува со само едно реми и 9 порази и на последното место во групата А, односно како единствен тим без победа до овој дел од натпреварувањето.

Првото полувреме беше поделено, двата тима имаа свои моменти, но ниту еден од нив не поведе со повеќе од два гола. Домашниот состав на одморот замина со водство од 15-13, истото го одржуваше во поголем дел од второто полувреме. Порто со серија од 3-0 поведе со 30-31, но не успеа да остане стабилен до крајот, ГОГ успеа да погоди за победа.

Митревски на оваа средба запиша четири одбрани.

Треба да знаете
Последни објави