Search

Клинсман: ВАР е виновен за промашениот пенал на Кејн

Репрезентацијата на Англија го заврши настапот на 22. Светско фудбалско првенство и тоа откако во четвртфиналето загуби од Франција со 2-1.

Трагичар на натпреварот беше капитенот на „Гордиуот Албион“, Хари Кејн кој во финишот од мечот доби идеална шанса да го израмни резултатот од белата точка и да го однесе мечот во продолженија. Но, Кејн кој претходно од пенал израмни на 1:1 во вториот обид биеше високо над голот на својот клупски колега од редовите на Тотенхем, Французинот Лорис со што резултатот остана непромент и „триколорите“ закажаа полуфинале со Мароко.

Според легендарниот германски фудбалер и стратег Јирген Клинсман своја улога во промашениот пенал на Кејн одиграл ВАР системот.

-Премногу време помина од ВАР проверката до изведувањето на пеналот. Јас сум голем обожавател на Хари Кејн. Да имаше шанса само да ја спушти топката и да го изведе пеналот, веројатно ќе дадеше гол. Фудбалерите губат премногу време на теренот при ВАР проверките. Тогаш изведувачот на пеналот премногу размислува, доаѓа до деконцентрација и потоа се случуваат вакви ситуации како на натпреварот меѓу Англија и Франција -рече Јирген и додаде:

-Англија одигра многу добар турнир. Како тим, тие се уште растат, имаат многу талентирани играчи и го стекнуваат потребното искуство на големите турнири. Мислам дека нивниот натпревар со Франција дојде прерано. Требаше да играат со Французите во полуфинале или финале – заклучи Клинсман кој своевремено беше селектор на Германија и на САД.

Треба да знаете
Последни објави