Search

Енрике: Сарабија заслужи поголема минутажа, а еден фудбалер сега не би го повикал во тимот

Луис Енрике си замина од селекторската фотелја на Шпанија по елиминацијата од Мароко на Светското фудбалско првенство во Катар. Шпанија во Катар пристигна со млада селекција, а после стартната победа од 7:0 против Костарика голем дел од спортската јавност ги смести помеѓу првите фаворит. Сепак, Шпанците во следните натпревари не беа на тоа ниво. Новинарите сега го запрашаа дали нешто би променил, а Енрике беше искрен.

-Се обидов на мундијалот да ги однесам најдобрите и оние кои сметав дека се вклопуваат во моите идеи. Најголемиот дел од фудбалерите на листата добија зелено светло од целиот мој персонал. Кога сега би можел да променам нешто, еден фудбалер не би повикал, и на негово место ќе вметнам друг. Нема да откривам име, но еден фудбалер ме разочара, не ми се допадна тоа што го видов, изјави Енрике.

Призна и дека Пабло Сарабија заслужил поголема минутажа.                                               -Пабло Сарабија заслужи поголема минутажа, а не само тие пет минути против Мароко. Од денешна гледна точка, би го пуштил од првата минута. Не сум од оние кои се каат, веројатно повторно ќе загубевме од Мароко, но од она што го покажа на тренинзите, заслужи да игра многу повеќе, истакна Енрике.

Треба да знаете
Последни објави