Search

Ванда Нара го покажа деколтето на прослава на својот роденден

Ванда Нара го прослави својот 36 роденден со стил, заедно со децата и пријателите.

Една од најпознатите Аргентинки, инфлуенсерка и сопруга на фудбалерот Мауро Икарди сподели фотографии од роденденската забава во Буенос Аирес, а нејзините следачи на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на деколтето.

Ванда носи тесна сина маичка, која го истакнува нејзиното бујно деколте, и панталони со светки.

И, како и обично, објавите на Ванда брзо станаа вирални, со илјадници лајкови и честитки од пријателите и следачите.

Фановите ја опсипаа со комплименти во коментари под фотографијата. „Вистинска бомба“, „Ти си кралица“, „Најубавата жена на Аргентина“…

Манекенката сподели и неколку фотографии од своите деца, кои се основен дел од нејзиниот живот по наводната разделба со Мауро Икарди.

Ванда и Икарди, наводно, се разделиле неодамна по девет години брак, а крајот на нивната љубов го предизвикала прељубата на Икарди.

Икарди не присуствувал на забавата на Ванда, бидејќи таа претпочитала да слави со најблиските пријатели.

Сè уште официјално не ја потврдиле разделбата, а Ванда ги збуни сите кога неодамна на Инстаграм сподели фотографија на која позира со Икарди по шпекулациите за изневерување.

Треба да знаете
Последни објави