Search

Чуамени и Упамекано му создаваат главоболки на Дешамп

Светскиот првак Франција на два дена пред полуфиналниот натпревар со Мароко се соочува со здравствени проблеми. Двајца фудбалери го пропуштиле денешниот тренинг.

Дајот Упамекано и Орелиен Чуамени не тренираа со останатите соиграчи по советите на лекарскиот тим.

Чуамени во саботата на четвртфиналната пресметка со Англија ја повредил потколеницата, а Упамекано се жали на настинка.

Французите в среда од 20 часот ќе играат против Мароко за пласман во финалето.

Треба да знаете
Последни објави