Search

Само три клуба имаат повеќе играчи од Динамо во полуфиналето на СП

Динамо Загреб веќе долги години наназад важи за вистински фудбалски гигант на овие простори и во овој момент изгледа дека ниту еден клуб од Балканот не е ниту блиску до она што го прави клубот на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Секоја година Динамо Загреб е дел од Лигата на шампионите или Лигата на Европа, продава фудбалери по цени кои другите балкански клубови можат да сонуват, а сега ни пристигнува уште еден доказ за големината на Динамо.

Имено, само три клуба во полуфиналето на Светското првенство имаат повеќе играчи од Динамо Загреб. Баерн Минхен има шест и Севиља и Атлетико по пет. Веднаш зад нив следи Динамо со четири играчи.

Сите четворица очекувано се дел од репрезентацијата на Хрватска, голманот Доминик Ливаковиќ, Мислав Оршиќ, Бруно Петковиќ и Јосип Шутало. Секако дека не е мала работа во оваа фаза да имате повеќе играчи од најголемите европски клубови, што е доказ за квалитетот на фудбалерите кои играат за Динамо.

Треба да знаете
Последни објави