Search

Роналдо го знае наследникот на Тите

Елиминацијата на петкратниот светски првак Барзил во четвертфиналето на 22. Светско првенство во Катар беше големо разочарување за „кариоките“. По елиминацијата од Хрватска на пенали, бразилскиот селектор Тите кој беше мета на критики си поднесе оставка.

Бразил е во потрага по нов селектор, а легенда, Роналдо вели дека знае кој ќе биде наследникот на Тите.

-Ако се случи тоа што се најавува сите ќе бидат изненадени. Информациите кои ги имам ми говорат дека нов селектор на Бразил е Фернандо Диниз. Во игра беа и други имиња, но не сакам сега да ги споменувам. Очекуваме официјална потврда од федерација, иако можеби е рано за такво нешто. Фернандо Диниз ќе биде голема атракција во репрезентацијата. Под негово водство тимовите играат атрактивно и приредуваат шоу, изјави Роналдо.

Фернандо Диниз е актуелниот тренер на Флуминенсе.

Треба да знаете
Последни објави