Search

Просинечки со изјава против своите: Не би било фер за фудбалот ако Меси не стане светски првак

Хрватска утре игра против Аргентина од 20 часот во првото полуфинале на Мундијалот во Катар, а пред натпреварот своја прогноза за натпреварот за „Супер Депортиво“ даде легендарниот Роберт Просинечки.

Просинечки смета дека „гаучосите“ имаат предност во дуелот против Хрватска и ќе обезбедат финале, каде што ќе го чекаат подобриот од мечот меѓу Мароко и Франција.

„Сите знаеме дека ако игра Меси на врвно ниво, тогаш никој не може да го запре. Знаеме дека и тој е под притисок, но јас сметам дека Аргентина е фаворит. Тоа ќе биде забавен натпревар, но сметам дека не би било фер за фудбалот ако Меси не стане светски шампион“, вели Просинечки.

Треба да знаете
Последни објави