Search

Поранешен олимписки шампион преживеа авионска несреќа (ФОТО)

Актуелниот светски рекордер на 800 метри и поранешен олимписки шампион Дејвид Рудиша преживеал авионска несреќа.

Инцидентот се случил во саботата, односно 10 декември во Кенија, кога моторот на авионот се расипал по неколку минути од полетувањето.

Пилотот се обидел принудно да слета, при што удрил во дрво и авионот се превртел, а за среќа нема жртви, туку еден патник е во болница, додека останатите четири се полесно повредени.

Треба да знаете
Последни објави