Search

„Плачев на теренот, во авионот…само да знаете Бразил ќе биде шампион во 2026“

Главните фаворит за освојување на титулата на Светското првенство, репрезентативците на Бразил, во солзи го напуштија Катар. Бразилците, во петокот беа елиминирани во четвртфиналето од Хрватска.

Пенал-рулетот беше кобен за Бразил, голманот Ливаковиќ го одбрани ударот на Родриго, а искусниот Маркињос ја погоди стативата.

Неколку дена по елиминацијата, на социјалните мрежи се огласи напаѓачот на Реал, Винисиус. Тој вели дека „Бразил ќе го освои светот во 2026 година“.

„Плачев на теренот, плачев во соблекувалната, плачев во авионот, плачев кога дојдов дома и ќе плачам секогаш кога ќе помислам колку долго бевме блиску… Најлошиот ден во мојот живот“.

Тој ја истакна мотивацијата што му ја дава оваа тага за идните предизвици: „Неколку пати го напишав и избришав овој текст. Но, јас го сакам фудбалот и тој ќе ми даде нови можности да го вратам Бразил онаму каде што заслужува да биде, на врвот!

Божјите планови се многу поголеми од нашите. Ќе се вратиме посилни од било кога. Не успеавме во важен момент и сите ве изневеривме. Извини Бразил и ти благодарам за љубовта и поддршката. Бевте супер! Бразил ќе го освои светот во 2026 година, запомнете го ова“.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во три земји, Канада, Мексико и САД, а за прв пат во историјата на него ќе учествуваат дури 48 репрезентации.

Треба да знаете
Последни објави