Search

Во Катар почина уште еден новинар додека известувал од Мундијалот

Од Катар пристигна нова вест за смрт на уште еден известувач од Светското  фудбалско првенство. Пред два дена беше објавена веста за смрт на новинарот Гран Вал, а сега на работна задача починал фото-репортерот на локалната телевизија Ал Кас, Калид Ал Мусалам.  Повеќе детали за смртта на фото-репортерот не се откриваат, само е објавено дека ненадејно починал додека бил на должност за Мундијалот.

Претходно, Американецот Вал почина поради здравствени проблеми кои му се појавиле додека бил во Катар. Неговиот брат во јавноста тврдеше дека е убиен поради покажување револт кон катарската држава и појавување на натпреварите со маица за поддршка на ЛГБТ популацијата.

Треба да знаете
Последни објави