Search

Инцидент во Чаир, навивач на домашната екипа нападна кошаркар на Работнички

Инцидентот се случи кон средината на вториот период, при убедлив водство на гостинскиот тим (44-23), а по мала кавга на Американецот од „Градски парк“ со домашниот плејмејкер, Арбин Рушити.

Неодговорниот гледач го претрча целиот терен за да стигне да го удри Нотиџ, по што беа одвоени, но хулиганот не се предаде па продолжи да замавнува со цел да го нокаутира противничкиот кошаркар. Скандалот беше смирен со влегување на обезбедувањето и полицијата, по што судиите и делегатот се повлекоа од теренот за да решат дали ќе се доигра без публика или, пак, средбата ќе биде прекината.

 

Треба да знаете
Последни објави