Search

Инфантино: Фудбалот стана уште поглобален

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави денеска дека натпреварите во групната фаза на Мундијалот во Катар се најдобри во историјата на светските првенства поради големиот број изненадувања, како и географската распространетост на репрезентациите кои се пласираа во осминафиналето.

„Резултатите од првиот круг на натпреварувањето покажуваат дека фудбалот станува уште поглобален спорт за што сведочат поразите на светските прваци Аргентина, Шпанија, Германија, Бразил и Франција од репрезентации од Африка, Азија и Северна Америка”, рече Инфантино.

Првиот човек на светскиот фудбал лично присуствуваше на сите осминафинални натпревари, а беше на трибините и на голем број натпревари во групната фаза.

„Ова првенство се игра на прекрасни стадиони во фантастична атмосфера, а натпреварите донесоа одлични голови, неверојатна возбуда и изненадувања. Повеќе не можеме да зборуваме за мали и големи екипи. Нивото на игра е многу, многу рамноправно. За тоа сведочи и податокот дека за прв пат сите континенти имаа свои претставници во осминафиналето”, додаде Инфантино.

Треба да знаете
Последни објави