Search

Георгина со објава на Инстаграм откри што мисли за седењето на Роналдо на клупа

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, се огласи на Инстагарм веднаш по победата на Португалија над Швајцарија во рамки на мундијалот во Катар.

Таблоидите ја пренесоа нејзината реакција, имајќи предвид дека сигурно не ѝ било сеедно да го гледа своето момче на клупа. Фудбалскиот ас влезе на теренот дури во 74. минута.

„Честитки за Португалија. Додека 11 играчи ја пееја националната химна, сите погледи беа вперени во нив. Каква штета што не можевме да го гледаме најдобриот играч на светот цели 90 минути. Навивачите не престанаа да те викаат и да го извикуваат твоето име. Се надевам дека Бог и твојот драг пријател Фернандо ќе продолжат рака под рака“, напиша Џорџина и јасно стави до знаење што мисли за потегот на португалскиот тренер.

На натпреварот во кој Португалија го декласираше противникот во осминафиналето, Роналдо седеше на клупата како резерва до 74. минута. Влезе на теренот со овации на трибините, длабоко во завршницата на веќе решената игра. Го напушти теренот пред другите. Додека неговите соиграчи славеа со навивачите, истите кои му аплаудираа на неговото влегување во игра, Роналдо замина кон соблекувалната.

Џорџина во текот на натпреварот главно се фотографираше и позираше за Инстаграм.

Треба да знаете
Последни објави