Лорис израмни рекорди во дресот на француската репрезентација

Голманот на француската фудбалска репрезентација  Уго Лорис повтори рекорд во дресот на „триколорите“. Членот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Лорист се најде во почетниот состав на франмцуската репрезентација за натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Полска. Ова е негов 142. натпревар за репрезентацијата. Толку има само Лилијан Турам.

Исто така, Лорис се израмни со Тиери Анри и Фабиен Бартез во натпреварите на светските првенства – по 17. Никој друг во историјата на Франција нема толку одиграни мундијалски натпревари.

Лорис успешно го чува голот и на полувреме неговата репрезентација води со 1:0.

Треба да знаете
Последни објави