Search

Далиќ: Резултатите на Хрватска се за светско чудо

Репрезентацијата на Хрватска утре (16 ч,) го игра осминафиналниот натпревар на Светското фудбалско првенство против Јапонија. Хрватите не блескаа во групата фаза, ама направија доволно за да истата ја минат и сега се соочат со едно од најголемите изненадувања, селекција која успеа да ги добија Германија и Шпанија со идентичен резултат 2:1.                    -Најважно е што го почитуваме нашиот противник, тие победија два поранешни светски прваци, Шпанија и Германија. Губеа во првото полувреме и покажаа карактер, менталитет и квалитет. Им порачувам на моите играчи дека не смееме никого да потценуваме. Знаеме дека ќе одат како самураи, тоа е нивно право, но и ние нема полошо да се поставиме – истакна Златко Далиќ хрватскиот селектор кој потоа говореше за тоа што „коцкестите“ веќе некое време го прават на големата сцена.

-Ќе се обидеме, имаме шанси, но не очекува тешка работа. Веруваме, имаме сон, а јас отсекогаш сум бил оптимист. Првенството е многу квалитетно, а Хрватска веќе 20 години дава одлични партии. Ако погледнете, меѓу овие 16 кои се пласираа во осминафиналето, Хрватска има убедливо најмалку население. Ние сме мала земја, но имаме големи соништа. Првиот чекор е пред нас, а кога ќе го поминеме ќе гледаме понатаму. Хрватска е успешна, резултатите кои ги остварува се во ранг на светско чудо -порача Далиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави