Вработен во градежна фирма пронајден мртов во објект кој се градел во Скопје

На 03.12.2022 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект во изградба на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил пронајден починат В.Љ.(40) од нас.Илинден – Скопје, вработен во градежна фирма од Скопје.

Смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот била извршена обдукција, по што било предадено на семејството за погреб.
Треба да знаете
Последни објави