Search

Шпанската полиција откри од каде се испратени писма-бомбите

Шпанската полиција соопшти дека шест писма-бомби кои пристигнале на адреси на високи функционери и институции биле испратени од градот Ваљадолид, пренесоа шпанските медиуми.

Овие писма биле испратени во периодот од 24 ноември до 2 декември на адресите на премиерот Педро Санчез, на украинската амбасада во Мадрид, на канцелариите на шпанската влада, на седиштето на агенцијата за комуникации на ЕУ и на американската амбасада, објави Ројтерс.

Повеќето од експлозивните писма се деактивирани, освен вработен во украинското дипломатско претставништво во Мадрид, кој беше полесно повреден кога експлозивното полнење делумно се активирало и се запалило.

Треба да знаете
Последни објави