Search

Кекеновски: Постапка за распуштање на советот на Град Скопје

Бидејќи постојат разлики во толкувањето на законската регулатива помеѓу дел од советниците и Градоначалничката на Град Скопје еве им ги одредбите и последиците кои се однесуваат на (не)донесувањето на Буџетот на Градот до 31 декември 2022 година.
ЗАКОН ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
Член 28 – Донесување на буџетот
(1) Советот на општината го донесува буџетот за наредната година најдоцна до 31 декември во тековната година.
(2) Доколку советот на општината не го донесе буџетот на општината до 31 декември во тековната година, тогаш должен е да донесе одлука за времено финансирање и финансиски план за нејзино спроведување за период од 1 јануари до 31 март за тековната година (во овој случај за 2023 година).
ЗАКОН ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
Член 75 – Услови за распуштање на советот
(1) Советот се распушта, ако :
1. Повторно го донесе прописот што претходно бил поништен или укинат со одлука на Уставниот суд на Република Македонија;
2. Донесе одлука со која се загрозуваат суверенитетот и
територијалниот интегритет на Република Македонија;
3. Не се состане за период подолг од шест месеци и
4. Не го донесе буџетот и годишната сметка на буџетот до 31 март во тековната година;
(2) За настапувањето на еден од условите од ставот (1) на овој член, градоначалникот е должен веднаш да го извести министерството надлежно за вршење на работите од областа на локалната самоуправа.
Член 76 – Постапка за распуштање на советот
(1) Министерството надлежно за вршење на работите од областа на локалната самоуправа, во рок од седум дена од денот на приемот на известувањето од членот 75 став (2) на овој закон, до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за распуштање на советот.
(2) Владата на Република Македонија, во рок од еден месец од денот на приемот на предлогот од ставот (1) на овој член, ќе донесе решение за распуштање на советот по сила на закон, кое го објавува во “Службен весник на Република Македонија”.
(3) За остатокот од изборниот период ќе се распишат нови избори за советот, согласно со Законот за локалните избори.
(4) Изборите од ставот (3) на овој член нема да се спроведат доколку до новиот изборен период има помалку од шест месеци.
РЕЗИМЕ: Донесувањето на Одлука за временото финансирање и финансиски план за нејзино спроведување за период од 1 јануари до 31 март за тековната година (2023 година) е обврска на Советот доколку не успее да го донесе Буџетот за 2023 година до 31 декември 2022 година.
Донесувањето на временото финансирање и финансискиот план не ја спречува (има обврска) Градоначалничката на Град Скопје да го извести Министерот за локална самоуправа за недонесување на Буџетот до 31 декември 2022 година.
По ова известување Министерот во рок од 7 (седум) дена должен е да достави до Владата барање за распуштање на Советот, а Владата во рок од 1 (еден) месец должна е да донесе решение за распуштање на советот по сила на закон. Владиното решение за рспуштање на Советот се објавува во Службен весник на Република Македонија.
По ова се распишуваат нови локални избори за членови на Советот од причина што до крајот на мандатот на овој Совет (изборниот период) остануваат нешто помалку од 3 (години).
THE END на дискусијата и недоразбирањата.
Треба да знаете
Последни објави