Search

Катар домаќин на најскапото СП во фудбалската историја

Трошоците за организација на Светското првенство во Катар кое ќе почне в недела ќе го чинат домаќинот 200 милијарди долари, што ќе го направи најскапиот Мундијал во историјата на планетарните фудбалски собири.

Овие бројки се скоро дваесет пати повеќе од потрешените пари за претходниот Мундијал што се одржа во Русија во 2018 година. Супер-модерните стадиони чинат повеќе од седум милијарди долари, додека системот на подземната железница што поврзува пет од осумте стадиони чинеше околу 36 милијарди долари. Трошоците за проширување на меѓународниот аеродром Хамад, каде капацитетот беше зголемен од 40 на 58 милиони патници годишно, изнесуваат неколку милијарди долари. Изградени патишта, хотели, сали…

Со само 2,8 милиони жители, Катар е една од најбогатите земји во светот. Голем дел од трошоците за инфраструктура што му се припишуваат на Светското првенство се дел од поширокиот план за развој на земјата за 2030 година.

Групите за човекови права сè уште вршат притисок врз ФИФА и Катар да ги обештетат многуте работници кои загинаа или беа повредени за време на градежното лудило од доделувањето на турнирот во 2010 година. Катар се надева дека ќе привлече повеќе од 1,2 милиони странски навивачи за време на турнирот.

Колку потрошија последните седум организатори на СП:

СП Русија 2018 – 11,6 милијарди
СП Бразил 2014 – 15 милијарди
СП Јужна Африка 2010 – 3,6 милијарди
СП Германија 2006 –4,3 милијарди
СП Јапонија/Јужна Кореја 2002 година – 7 милијарди
СП Франција 1998 година – 2,3 милијарди
СП САД 1994 – 0,5 милијарди

Треба да знаете
Последни објави