Search

Верстапен најбрз на вториот тренинг во Абу Даби

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз на денешниот втор тренинг пред неделната последна трка во шампионатот на Формула 1 за Големата награда на Абу Даби.

Верстапен оствари резултат од 1:25, 146 минути и за 0.341 секунди беше побрз од возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше трет со 0.453 секунди заостанување, а четвртото место го зазеде возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој претходно денеска беше најбрз на првиот тренинг на патеката Јас Марина.

Третиот тренинг ќе се вози в сабота, кога на програмата се и квалификациите, кои почнуваат во 15 часот.

Последната трка сезонава во Ф1 е на програмата в недела со почеток во 14 часот.

Треба да знаете
Последни објави