Search

Одбиено барањето на Мараја Кери за заштитен знак „Кралица на Божиќ“

Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO) ја одби пријавата на Мараја Кери за заштитен знак на прекарот „Кралица на Божиќ“.

Имено, во процесот на аплицирање за заштитен знак, музичката ѕвезда не одговори на противењето на друга пејачка.

Заштитниот знак ќе ѝ дадеше законско право да ги спречи другите да ја користат оваа титула во нивната музика или производи.

Кери, исто така, не успеа во обидите да ја заштити ознаката на кратенката ‘QOC’ (Queen of Christmas) и ‘Princess Christmas’.

Кери стана синоним за празничниот период од објавувањето на својата песна од 1994 година, All I Want for Christmas Is You.

Треба да знаете
Последни објави