Search

Надал елиминиран уште во групната фаза на завршниот мастерс во Торино

Еден од најдобрите тенисер на денешницата, Рафаел Надал, првпат во пребогатата кариера настапот на завршниот мастерс, кој годинава се игра во Торино, ќе го заврши уште во групната фаза. Каспер Руд ја доби драмата со Феликс Оже-Алиасим (6:3, 4:6, 7:6) и му ја урна и теоретската шанса за место во полуфиналето.

Рафаел Надал беше поразен и во својот втор настап во „зелената група“. Во првото коло беше совладан од Тејлор Фриц, а втор од  Феликс Оже-Алијасим со 6:3, 6:4.

-Тажен сум и разочаран, но од денеска почнувам со подготовките за 2023 година. Моето тело, годината што беше зад мене и мојата лична ситуација не ми дозволуваат да се борам за титулата. Се борев до крај, но овие два меча беа за мене психолошка катастрофа изјави Надал.

На Шпанецот му требаше пораз на Норвежанецот Руд за да се надева дека може да направи чудо на крајот од турнирот. Но, Руд по голема борба дојде и до вториот триумф во Торино, со што обезбеди пласман меѓу четворицата најдобри.

Денеска се играат мечевите од второто коло во „црвената група“, каде што победи во првото коло остварија Ѓоковиќ и Рубљев, кои ќе се соочат од 14 часот, а во вечерниот термин од 21 часот ќе играат Медведев и Циципас.

Треба да знаете
Последни објави