Search

Кари и Ембид се играчи на неделата во НБА-лигата

Ѕвездата на актуелниот кошаркарски НБА шампион Голден Стејт, Стеф Кари и центарот на Филаделфија, Џоел Ембид беа прогласени за играчи на неделата во Западната и Источната конференција.

Ембиид ја заврши седмицата со просечни 40 поени, 11 скока и 5,3 асистенции по натпревар. Центарот им помогна на Сиксерси да стигнат до три победи во четири натпревари.

Голден стејт вориорс минатата недела имаа скор 2-1. Кари имаше просек од 38 поени и 6 скока по натпревар, шутирајќи 64,1 отсто од поле.

Треба да знаете
Последни објави