Search

(Видео) Ембид постигна повеќе од половина поени за Филаделфија во триумфот над Јута

Жоел Ембид во дресот на Филаделфија го одигра натпреаврот во кариерата против Јута што неговиот тим во најсилната кошаркарска лига во светото – НБА, го доби со 105:95. Ембид средбата ја заврши со неверојатни 59 поени, 11 скока, 8 асистенции и 7 блокади и стана првиот кошаркар во НБА-лигата од сезоната 1973/74, откако се води статистика за блокадите, што имал учинок од 50 и повеќе поени, 10 и повеќе скока и по 5 и повеќе асистенции и блокади.

Исто така Ембид стана првиот кошаркар по Демиен Лилард од 2019 година, кој постигнал повеќе од половина поени за својот тим. Центарот на Филаделфија за 24 часа даде вкупно 101 поен, бидејќи претходната вечер на Атланта ѝ уфрли 42 поени.

Во историјата на Филаделфија, само четирипати досега еден кошаркар постигнал повеќе поени од Ембид. Легендарниот центар Вилт Чембрлен постигнал 68, 65 и 62 поени, како и Ален Ајверон, кој има постигнато 60 поени.

ЛА Лејкерс ја прекина серијата од пет порази по ред и утринава со 116:103 славеше во дуелот со Бруклин нетс. Во отсуство на повредениот Леброн Џејмс, лидерската улога ја презеде Ентони Дејвис, кој ги предводеше Лејкерси со 37 поени и 18 скока, додека Лони Вокер даде 25 поени. Кај Бруклин, вообичаено прво име беше Кевин Дурант со 31 постигнат поен.

Ова беше само трета победа за ЛА Лејкерс сезонава и тие се наоѓаат на претпоследното 14-то место на табелата во Западната конференција.

Резултати: Кливленд – Минесота 124:129, Вашингтон – Мемфис 102:92, Филаделфија – Јута 105:95, Чикаго – Денвер 103:126, Сакраменто – Голден стејт 122:115, ЛА Лејкерс – Бруклин 116:103.

Треба да знаете
Последни објави