Search

(Фото галерија) Шпанките прокоцкаа шест гола позитива и ремизира со Холандија

Фото: Слободан Ѓуриќ

Големата битка меѓу шпанија и Холандија во Скопје заврши без победник (29-29), па така двете селекции во моментов имаат по три бодови во групата 2 и се наоѓаат зад Франција и Црна Гора.

Шпанија беше подобар противник во првото полувреме и до средината на полувремето стигна до водство од 10-6, а потоа стигна и до највисоката предност од шест гола (14-8), но Холандија до полувреме успеа да намали на 15-17.

На Холандија не ѝ требаше долго за да направи пресврт (21-20), по што до финишот повторно Шпанија се врати во водство од 25-24, но истото не траеше долго бидејќи се играше гол за гол до крајот и пресметката заврши без победник (29-29).

Валдивиа и Барбоса постигнаа по четири голови за Шпанија, додека Фрерикс и Смитс со по шест беа најдобри кај Холандија.

 

Треба да знаете
Последни објави