Search

(Фото галерија) Радичевиќ блескаше во „своето“ Скопје, но Франција пресилна за Црногорките

Фото: Слободан Ѓуриќ

Ракометарките на Црна Гора го претрпеа првиот пораз на ЕП 2022, откако вечерва во салата „Борис Трајковски“ беа убедливо совладани од Франција (19-27) во првиот меч од втората фаза за двете селекции на континенталниот шампионат. На Црногорките не им помогна ниту големиот број навивачи кои допатуваа во Дкопједа ги бодрат своите миленички.

Црногорките беа предводени од поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, која беше убедливо најефикасна со шест голови, кои, сепак, беа недоволно за нешто повеќе во пресметката со „триколорите“. Французинките доминираа на теренот и сосема заслужено дојдоа до бодовите, кои речиси им гарантираат место во полуфиналето.

Фопа со шест и Валентини и Фипес со по четири гола беа најпрецизни во победничкиот табор. Франција е прва во групата со шест бодови, Црна Гора има четири (двете од три средби), а следуваат Шпанија и Холандија со по три, но од четири одиграни натпревари.

Треба да знаете
Последни објави