Search

Мбапе повторно ја згрози јавноста со својот потег

Изгледа дека Килијан Мбапе се врати на своите дрски патеки. Тоа најдобро можеше да се види на натпреварот од Лига А против Оксер, кој ПСЖ рутински го доби во своја корист со 5:0.

Од почетокот на сезоната, Мбапе е играч за кој многу често се пишува, и поради неговите игри на теренот и неговите арогантни потези во текот на играта кон соиграчите, но и кон управата на клубот.

Се чинеше дека француската суперѕвезда се смири, но натпреварот против ПСЖ уште еднаш покажа колку е арогантен и безобразен играчот.

Имено, на полувремето при влегувањето во соблекувалната, Мбапе се сврте кон противниците и го фати за меѓуножјето и погледна во нивна насока.

Мбапе продолжи и при излегувањето од соблекувалната. Сега мета му беше еден од соиграчите кого почна да го навредува.

Од уште поголем скандал го спасил неговиот соиграч Ахраф Хакими кој го предупредил да престане бидејќи камерите во тунелот снимаат се.

Инаку, ПСЖ победи со 5:0, а Мбапе го постигна првиот гол за домашните. Од најголемите ѕвезди на тимот како Лионел Меси и Нејмар, само Французинот го одигра целиот натпревар.

Француската ѕвезда сега се очекува да настапи со триколорите на Мундијалот, тој неодамна изјави дека се чувствува многу подобро играјќи за репрезентацијата отколку за клубот, па останува да видиме дали тоа ќе го покаже во Катар.

Треба да знаете
Последни објави