Search

Гарначо му донесе победа на Јунајтед во судското продолжение

Манчестер Јунајтед успеа во намерата и со победа на гостински терен кај Фулам (1-2) во рамки на 16. рунда на англиската Премиер лига дојде до три бода со кои се доближи до најдобрата четворка во елитата.

„Ѓаволите“ атакуваа на победа на гостувањето во Лондон за да влезат во ТОП-4 групата во елитното друштво и благодарение на џокерот Гарначо дојдоа до успех кај Фулам кој досега имаше само еден пораз пред својата публика оваа сезона.

Се играше 14. минута кога данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен го постигна првенецот за Манчестер Јунајтед. Плејмејкерот одлично се снајде по проигрување на Бруно Фернандеш и го отвори резулатот на „Кревин Котиџ“. До паузата поактивен беше гостинот, кој имаше шанси и за втор гол, но не успеа да реализира.

И во воведните четири минути од вториот дел „ѓаволите“ создадоа шанси, но не ги искористија. Еланга и Рашфорд се заканија, Лено беше на висината на задачата. Потоа притисокот се префрли на тежиштето на половината на Манчестер Јунајтед, Фулам преку Винициус и Рим имаше две можности, а третата круниса со гол кој го даде Џејмс по асистенција на Керни.

Десет минути по голот за 1-1, Жоао Палиња имаше шанса за пресврт, ама Де Геа не му дозволи. Последните петнаесет минути од мечот му припаднаа на Јунајтед со прилики на Мектоминеј и Гарначо, се бараше и пенал, ама ВАР не го досуди. Во самиот финиш, младиот Гарначо го покажа својот раскошен талент и ги постави конечните 1-2. Тоа беше во 93. минута.

Треба да знаете
Последни објави