Search

(Видео) Дончиќ белескаше со нов трипл-дабл во кој постигна преку 40 поени

Словенечкиот интернеционалец Лука Дончиќ, Далас го предводеше Далас до нов триумф, со трипл-дабл, које за него е 49. во НБА-кариерата и го искачи на шестото место на вечната листа во најсилната  кошаркарска лига во светот. Далас го победи Портланд со 117:112, а Дончиќ на крајот заврши со 42 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Словенецот сезонава ја започна со низа од девет натпревари на кои постигнуваше 30 и повеќе поени, што е втора најдолга од почеток на едно првенство во НБА-историјата. Подолга низа со постигнати 30+ поени на старт на сезона имал само Вилт Чемберлејн на 23 средби. По деветте меча овој потфат на Дончиќ беше сопиран на 24 поени против Орландо и 22 поени во дуелот со Вашингтон. За Лука ова беше четврти трипл-дабл на кој има 40+ поени и се доближува до постигнувањет на Леброн Џејмс кој има шест такви трипл-дабл меча. Рекордер по бројот на трипл-дабл дуели со 40+ поени е Оскар Робертсон кој имал 22 такви натпревари.

Ова беше седма победа за Далас во 12 меча, додека Портланд и покрај поразот е подобро рангиран со девет победи во 13 меча.

НБА лига резултати: Лос Анџелес Клиперс – Бруклин 95:110, Вашингтон – Јута 121:112,  Детроит – Бостон 108:117, Индијана – Торонто 118:104, Филаделфија – Атланта 121:109, Мајами – Шарлот 132:115,  Далас – Портланд 117:112, Њу Орлеанс – Хјустон 119:106.

Треба да знаете
Последни објави