Search

(Фото) Романија погоди со звукот на сирената за триумф над Шпанија

Романија со погодок пред да се огласи сирената ја совлада Шпанија (28:27) во првиот натпревар од групата во втората фаза на 15. Европско женско ракометно првенство. Во изедначен натпревар двете селекции имаа свои „пет“ минути.

Романија го контролираше резултатот во текот на целото прво полувреме (12:11). Шпанија ја анулира предност во вториот дел (15:15), а направи и резултатски пресврт во средината од вториот дел (18:19). Неизвесноста околу конечниот исход висеше до последниот звук на сирената кога Романија со удар од речиси половина терен ја испрати топката во мрежата за голема радост.

Пинтеа со седум гола беше најдобра во тимот на Романија, додека Бармехо и Гонзалес постигнаа по четири погодоци за Шпанија.

Романија има два бода во групата 2, колку што имаат и Германија, Шпанија и Холандија по три одиграни меча, додека по четири бодови имаат Франција и Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави