Search

Мурињо ќе ја напушти Рома за да се пресели во Реал Мадрид

Трофејниот фудбалски стартег Жозе Мурињо повторно ќе седне на клупата на шпанскиот Реал Мадрид, пренесуваат италијанските медиуми. Искусниот португалски стратег на крајот од сезоната ќе го напушти италијанскиот калчолигаш Рома и ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Првиот човек на тимот со најмногу титули европски шампион, Флорентино Перез во моментов е задоволен од тренерот Карло Анчелоти, но веќе од поодамна се најавува дека искусниот Италијанец нема уште долго да работи во фудбалот и размислува да замине во пензија.

Треба да знаете
Последни објави