Search

(Видео) Барди погоди, Трабзонспор не ги освои трите бода во Анкара

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди го постигна својот третиот гол во дресот на актуелниот турски првак Трабзонспор, но неговата екипа во 14. коло од првенството не победи на гостувањето во Анкара, кај Анкарагучу (1:1).

Барди во листата на стрелците се запиша во 70. минута. Радоста на Трабзонспор траеше кусо, бидејќи само четири минути подоцна  Анкарагучу израмни на 1:1 од пенал.

Трабзонспор е на шесттото место со 23 бода, има шест бода помалку од лидерот Фенербахче, за кој игра македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Треба да знаете
Последни објави