Search

Фирмино разочаран што не оди во Катар: Благодарен сум му на Бога за она што го имам

Ѕвездата на Ливерпул, Роберто Фирмино, не беше дел од 26-те фудбалери што бразилскиот селектор Тите ги избра за Светското првенство во Катар и тој се јави со порака на социјалните мрежи за да признае дека е разочаран, но и благодарен на она што го направил досега.

Фирмино дебитира за „Селесао“ во ноември 2014 и беше дел од тимот што настапи на СП во 2018 година, како и на последните три изданија на Копа Америка. Но, по лошиот почеток на сезоната на Ливерпул, тој само во последно време добиваше шанса од Јирген Клоп.

„Само да ви се заблагодарам за убавите пораки. Светското првенство е сон за секој фудбалер и за мене не е ништо поинаку. Вчера, работите не одеа според моите замислувања и соништа, но можам да погледнам назад и да кажам дека срцето ми е благодарно на Бог и она што ми дозволи да го доживеам досега. Ти, Господе, ќе го задржиш во мир оној чија цел е чиста бидејќи тој верува во тебе“, пишува Фирмино.

Треба да знаете
Последни објави