Search

(Видео) Нов невообичаен гол постигна голман со удар од својата половина !

Не е нешто ново, но секогаш е невообичаено кога ќе се затресе мрежата на фудбалски натпревар со удар од гол на гол. Овојпат со ваков потфате може да се пофали голманот на вториот тим на Бенфика, Самуел Соареш, кој постигна гол со удар од својата половина. Овој невообичаен погодок може слободно да конкурира за наградата на „Пушкаш“.

Младиот, 20-годишен чувар на мрежата на Б тимот на Бенфика невообичаениот погодок го постигна на дуелот со Трофенсе, кога упати удар од околу 85 метри и ја погоди противничката мрежа за израмнување во тој момент.

Неговиот тим на крајот стигна дури и до победата со резултатски пресврт.

Соареш ги мина сите младински категории на Бенфика, но откако за него нема место во првиот тим, во моментов игра за Б тимот. Настапуваше и за сите младински селекции, почнувајќи од 15 години до 21 година. Во сезоната 2021/2022 ја освои младинската лига на шампионите со Бенфика.

Треба да знаете
Последни објави